• Sat. Nov 23rd, 2024

„Нисан“ отпушта повеќе од 10.000 вработени

Јапонскиот производител на автомобилите „Нисан мотор“ планира да отпушти повеќе од 10.000 вработени во своите продажни салони во светот, открил упатен во плановите на управата на компанијата.

Од „Нисан“ не сакаат да коментираат, но се претпоставува дека планот за намалување на бројот на вработените, како и финансиските резултати на компанијата ќе бидат претставени утре.

Планот опфаќа 7 отсто од работната сила на „Нисан“, а отпуштањата би требало да се случат во фабриките во странство со ниски стапки на искористеност.

„Нисан“ во јули прогнозираше 28 процентен пад на годишната оперативна добивка, а заедно со минатогодишниот пад, кој изнесуваше 45 отсто, ја води фирмата на пат кон најслаба заработувачка во 11 години работа.

извор:makfax

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *