• Mon. Nov 25th, 2024

Николов – КФМ сака да го уништи КК ,, Радовиш ,,

Судии, делегати и сите структури на КФМ сакаат да го сотрат КК ,, Радовиш,, Постојано сме на удар на нефер судење и изложени на секакви казни. Ова е ставот на тренерот на КК ,,Радовиш,, Никола Николов кој тврди дека капак било последните случувања на дуелот Тетекс – Радовиш каде радовишани добиле низа технички и нефер судење, само и само тетовскиот состав да слави победа со 2 поени разлика. Како што истакна на прес конференцијата Николов, информирани биле сите структури при федерацијата но никој не превземал соодветни чекори. Не биле доставени записници по натпреварот со оценка на судиите ниту пак имало доставена видео снимка од дуелот во предвидениот рок согласно правилникот на КФМ

,, Сите второлигаши добиваат опомени, само ние казни. Ако тенденцијата е да се руши кошарката надвор од Скопје, вратите им се отворени . Ако сметат дека КК Радовиш не треба да игра во Втора лига нека јасно се изјаснат а не да сме изложени насекакви притисоци,, истакна Николов

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *