• Fri. Nov 22nd, 2024

Никола Андонов ја доби довербата и од општинската конференција на СДСМ во Ново Село

ByВане Трајков

Mar 15, 2019

Одлуката на централното раковдство на СДСМ, кандидат за градоначалник на Ново Село да биде Никола Андонов ја потврди и Општинската организација на ова партија. На синокешната конференција сите членови и делегати на СДСМ едногласно застанале зад името на Андонов кој во периодот од 2005 до 2009 тата беше прв човек на ова општината. Тој пак пред членовите на СДСМ истакна дека само обединети и единствени може да се добие довербата и победата на престојните градоначалнички избори закажани на 21 идниот месеец.

Андонов како Граодначалник на Ново село беше креатор на проектот заедничка општинска админситрација, поздравен од УНДП но и од повеке министерства во државата. Тој во својот мандат успеа да ги постави контурите на функционирање на општината формирајки ги телата и одделенијата потребни на една локална самоуправа

Освен социјалдемократите и ВМРО ДПМНЕ го откри својот адут за Ново Село . Станува збор за Николче Стоилков претседател на ОК и вработен во Царинската управа. Засега нема трет кандидат во игра за првата функција во општина Ново село До 21 март е рокот до кога партиите ќе мора да ги достават каднидатите за градоначалник на Ново Село

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *