Долги часови работа, непроспиени ноќи. Како со живо суштество, така постапува уметникот при создавање на ново дело. Од првична замисла, преку визуелизација до реализација, поминуваат денови или седмици, вели Георги Кончалиев, кој до неодамна работеше на изработка на бистите на Свети Кирил и Методиј, за основното училиште во село Дабиље. Овојпат, креативниот процес на вајарот Кончалиев го следеше фотографот Иван Каратанов.