• Sat. Nov 23rd, 2024

Нестабилнен откуп на црешите

Полни кутии со цреши со часови, а некогаш и денови стојат на сонцето се дури производителите не се нагодат со трговците околу цената. Вака е секој ден во Вељуса каде во полн ек е бербата на црешите, една од најзастапените овошки во овој дел од струмичкото поле. Земјоделците велат дека цената варира секој ден, бидејќи нема организиран откуп, туку доаѓаат трговци и купуваат одредени количини.

Во селото денеска имаше десетина товарни возила, трговците го разгледуваа производството. Тврдат дека плаќањето е фер, но немало добар квалитет.

Откупот на црешата во струмичко почна пред повеќе од две недели. Почетната цена беше 60 денари за килограм, но откупот не е постојан и цената често се менува.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *