• Fri. Nov 22nd, 2024

Неофицијално: Струјата ќе поскапи за 7,5 отсто

Цената на струјата за домаќинствата ќе  се зголеми за 7,5 отсто и ќе чини 5,95 денари за еден киловат скапа тарифа и 2,99 денари  за ефтина старифа. Ова се неофицијални цени кои се содржани во предлог -одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, објавена на нејзината веб страница.

Дали ќе има измени на оваа одлука денеска треба да каже првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски кој треба дса ги соопшти официјалните цени на струјата.

Според предлог- одлуката цената на ЕВН Хоме како единствен регулиран универзален  снабдувач на струја за домаќинствата ѝ се определува  просечен износ од 4,92 денари за еден киловатчас електрична енергија.

Кај двотарифните броила за т.н. „скапата струја“ се определува цена од  5,95 денари за еден киловат час. досега чинеше 5,54 денари за киловат час. За „евтината струја“ односно ниската тарифа се определува висина од  2,99 денари за киловат час. досега оваа струја  чинеше 2,78 денари за еден киловат час. Кај еднотарифните броила се одобрува цена од 4,77 денари за киловат час.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *