• Sat. Nov 23rd, 2024

Нема ниту денар од ветените пари на предходната власт за опремување на новиот крак на ЈЗУ Општа болница- Струмица

Новото раководство на општа болница Струмица тврди дека нема никаква најава од парите која ги вети предходната власт за набавка на ентериоерното уредување во новиот крак.Директорот на болницата вели дека ниту ја заварил сметката со пари , ниту има најава за отпуштање на некакви пари.

Новиот крак на болницата требаше официјално да профункционира оваа пролет, активностите на терен налагаат одложување.

Како ќе се реши опремувањето на новиот крак каде ќе бидат сместени сите хирушки сали , но и новиот ургентен ценатр останува да го решат раководството на болницата и министерството за здравство а во интерес на сите граѓани и пациенти кои гравитираат во о.Струмица.

Новиот дел на струмичката болница почна да се гради во далечната 1987 година. Седум години подоцна таа беше запрена, откако на неуспешен референдум струмичани не се согласија да издвојуваат средства за продолжување на изградбата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *