Инфлацијата во Македонија подолг период е повисока од очекуваното, пред неколку дена соопшти Мисијата на Меѓународниот монетарн фонд (ММФ), а Народната банка во своето соопштение напиша дека од ММФ ѝ е препорачано будно да ги следи состојбите и ако е потребно навремено да интервенира со мерки.
Пред две години инфлацијата беше нула отсто, минатиот месец се искачи на 6,7 отсто, значително е повисока од инфлацијата во Еврозоната. Од 1 март цените на дел од основните намирници кои беа замрзнати поради општата и енергетската криза, ќе бидат одмрзнати, што може да доведе до посилен ифлаторен удар.
Поради пандемијата и енергетската криза инфлација повисока од проектираната има и во еврозоната, но во Македонија е со уште повисока стапка. Во земјава денарот со децении е стабилен во однос на еврото, курсот и сега се чини е стабилен, но податоците за инфлацијата внесуваат неизвесност. Затоа и ММФ ќе препорача Народната банка на Македонија да подготвува мерки доколку ваквите трендови продолжат.