Началникот на СВР-Струмица, Васил Тодоров, пред два дена, додека бил на работа во својата канцеларија, од службениот пиштол испукал еден куршум, кој завршил во подот. Информацијата за МИА ја потврди портпаралот на МВР, Тони Ангеловски.
– На 20 јули во 14:30 часот во својата работна канцеларија, началникот на СВР Струмица, В.Т., додека го чистел службениот пиштол, од невнимание испукал еден куршум во долниот дел помеѓу паркетот и лајсната. За време на настанот тој бил сам во канцеларијата. Нема повредени лица, изјави портпаролот Ангеловски.
Додаде дека е известен Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди при МВР за расчистување на случајот.