• Thu. Nov 21st, 2024

Националната портретна галерија во Лондон одби донација од еден милион фунти

Донација вредна еден милион фунти одби Националната портретна галерија во Лондон заради лошата репутација на дарителите, предизвикувачи на т.н опоидна криза во САД кон крајот на 90 години на 20 век. Тоа е првата голема институција што го одби добротворното дело на семејството Саклер. Според критичарите на донацијата, тоа е значителна победа во битката за повеќе етика при финасирањето ан квалитетот, пишува Гардијан.

Решението е сфатено како доказ дека некои извори на приходи не можат да бидат оправдани, а од галеријата коментираа во заедничкото соопштение со претставниците на Саклер дека „заедно решиле дека во моментов треба да се воздржат од донацијата.“

Семејството Саклере сопственик на компанијата Пардо фарм (Purdue Pharma) која кон крајот на 90 започна со производство на лекот против болка Оксиконтин (OxyContin) – оксикодон.

По неколку смртни случаи од предозирање со дрога и по неколку тужби, во 2007 година компанијата беше прогласена за виновна и беше казнета со 34,5 милиони долари. До денес компанијата отфрла секаква вина. Но во јануари 2019, 36 држави поднесоа нови тужби против компанијата за разни наводи за незаконско работење и тргување на црниот пазар.

Двете страни и Галеријата и компанијата врдат дека решението е со заедничка согласност – но сепак одбивањето на донацијата се смета како удар на репутацијата на семејството филантропи.

Сумата од 1 ,илион фунти и’ е предложена на Галеријата уште во текот на 2016 година, за да ги искористи за поправки кои чинат 35,5 милиони фунти. Оттогаш институцијата се двоумеше дали да ги прифати парите.

Семејството Саклер е едно од најбогатите во САД, според Би Би Си. Браќата Рејмонд (кој почина во 2010) и Мортимер (кој почина во 2017) ја основаат Пардо фарм во 1952 година. Компанијата значително се збогатува со производството на лекот Оксикотин во 1995 година. Сопствеништвото на компанијата е се’ уште во најголем дел на семејството Саклер -околу 20 роднини си ги делат акциите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *