• Fri. Nov 22nd, 2024

Наскоро ќе биде ставена во функција новата детска градинка во Струмица

Наскоро ќе биде ставена во функција новата детска градинка во Струмица

Наскоро 307 деца од општина Струмица ќе добијат нова детска градинка. Според новите просторни услови на оваа градинка се обезбедува и можност за реализација на концептот – учење преку игра. Дечињата ќе бидат распоредени во 14 групи и 3 јаслени групи. Предучилишното образование претставува темелот за подготовка на учениците. кој преку процес на игра, учење на основните елементарни принципи за однесување, социјализицаја, за дружење се значајна алка за прифаќање на различностите. Истовремено се работи и на подобрување на професионалните капацитети на вработените во градинките преку обуки кои ги организира Министерството за труд и социјална политика заедно со нашите меѓународни партнери, децидна министерката за труд и социјлна политика Јована Тренчевска

Новата градинка претставува еколошки објект и во текот на изградбата беа имплементирани највисоките стандарди за енергетска ефикасност. Објектот за загревање ќе користи природен гас со што се намалуваат емисиите на CO2, а изграден е и систем на соларни панели. Новата детска градинка е финансирана од Проектот за подобрување на социјалните услуги, што го спроведува Министерството за труд и социјална политика со поддршка на Светска банка. Со изградбата на нови градинки и со проширување на постоечките се овозможува пристап за што поголем број деца до квалитетна услуга што е цел на социјалната реформа што ја спроведува Министерството за труд и социјална политика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *