• Sun. Nov 24th, 2024

Намален прометот во трговијата на мало со автомобилски горива

ByIvana Vangelova

Jul 1, 2023

Во трговијата на мало во мај годинава во споредба со мај лани е евидентиран пад и на реалната и на номиналната стапка во групата Трговија на мало со автомобилски горива, номинално за 24, 9 проценти, а реално за 13,2 проценти, објави Државниот завод за статистика.

Податоците на ДЗС покажуваат зголемување на прометот кај номиналните и реалните стапки во групите Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун (номинално за 17,9 проценти, а реално за 5 проценти), Трговија на мало, освен трговија со горива (номинално за 11,5 проценти, а реално за 1.

4 проценти, како и воТ рговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво каде прометот номинално расте за 4,9 проценти, а реално опаѓа за 2,5 проценти