Одбокарките на Наковски волеј со победа го започнаа пролетниот дел од првенството. Во салата при СОУ Димитар Влахов во Струмица со 3:0 го совладаа битолски Пелистер Волеј и останаа во игра за пласман за плеј офф завршницата за освојување на шампионската титула
Струмичанки не дозволија изненадување на домашен терен иако гостинките од Битола се обидуваа да направат сензација и да освојат сет. Така го започнаа првиот сет но струмичанки на крај го добија со 25:20. Слично беше и во вториот кој Наковски го доби со 25:14 додека третиот беше чиста рутина за домаќинките кои со 25:12 ставија крај на мечот
Ова е деветта победа на Наковски и остануваат трети на прволигашката табела веднаш зад скопските Работнички жени и Работнички Скопје