Според информациите на Канал ВИС, во текот на вчерашниот ден биле назначени нови директори на струмичката општа болница и Здравствениот дом, кои на функција ќе стапат деновиве бидејки решенијата сеуште не се доставени.
За нов директор на Општа болнца Струмица е назначен д-р Наќе Гогов специјалист невролог кој треба да ја замени досегашната ВД директорка Анкица Ангова. Гогов е член во Советот на општина Струмица од редовите на СДСМ
Нов директор доби и Здравствен дом во Струмица. На местото на Васко Чаушевски назначена е Љубица Митева психолог од Центарот за ментално здравје при ова установа
Според инфомрациите на Канал ВИС примопредавањето на фиректоските функции во двете јавни здраствени установи во Струмица се очекува да се случи во текот на денешниот ден или до крајот на неделата.