За помалку од три месеци, над илјада државјани на Република Северна Македонија кои живеат во Сојузна Република Германија, се сликаа за нови патни исправи во Конзуларното одделение во Бон, каде во функција е ставена новата базна станица.
Конзулот Боро Мирчески вели дека седумстотини биометриски пасоши се готови, а во тек е обработката на пристигнатите барања, со новата опрема која придонела за кратење на постапката и намалување на трошоците.
-Oвој проект е исклучително полезен за нашата дијаспора. Од искуството во изминатиот период, како го отпочнавме проектот, можам да посведочам само на зголемување на задоволството кај странките. Во моментов, во нашата амбасада во Бон, странките добиваат изготвена патна исправа за помалку од 30 дена, вели Мирчески.
Дијаспората е задоволна од новиот начин на издавање на биометриските исправи и од вработените во кознуларното одделение во Бон.