Директорката на УЈП, Сања Лукаревска на денешната прес-конференција говореше за донираниот поврат на ДДВ кои граѓаните решија да го насочат за Фондот за здравство за справување со корона вирусот.
„Голем дел од граѓаните се согласија да го донираат својот поврат на ДДВ. Беа донирани над 9 милиони денари и тие ќе бидат наменети во Фондот за здравство за справување со пандемијата. Сакам да се заблагодарам на сите граѓани кои го донираа својот поврат на ДДВ“, рече Лукаревска.