Над 300 барања стигнале до сега во Општинската комисија за утврдување штети, по невремето што во саботата го зафати струмичкиот регион. Трите пункта во село Сачево, Муртино и Струмица ќе бидат отворени уште неколку дена, по што, формираните стручни поткомисии треба да излезат на терен и да направат проценка, објаснуваат во телефонски разговор за ТВ Канал Вис.
Најголемиот број барања за обештетување се однесуваат за уништени земјоделски посеви, а помалку за материјална штета. Вчера во посета на Муртино и Сачево беше министерот за земјдоелство, Љупчо Николовски.
Во атарите на овие села посевите на отворено се целосно уништени од градот, а силниот ветер ги искина најлоните на пластениците. Дел од земјоделците, кои веќе се соочија со проблеми поради слабиот откуп на некои земјоделски култури, полагаа надежи на родот на пиперката и пченицата. Сега и тие се уништени.