• Fri. Nov 22nd, 2024

Над 200 деца од Струмица учаа фудбал-почнаа забавните фудбалски школи

Во спортската сала на средното општинско училиште „Никола Карев“, денеска, започнаа 17-те Отворени забавни фудбалски школи во Струмица, од кои 10 години по ред се финансирани од буџетот на општина Струмица. Повеќе од 200 деца на возраст од 7 до 13 години од основните училишта во Струмица учествуваат во овој проект без разлика на полот и нивното фудбалско знаење.

Целта е децата да се дружат меѓусебе играјќи разни игри поврзани со фудбалската игра. Секое дете како подарок добива маица и капче од страна на Отворените забавни фудбалски школи. На денешниот прв настан, учествуваа деца од четирите основни училишта од градот, а вториот настан дополнително ќе биде закажан со дечињата од основните училишта од населените места во општина Струмица.

unnamed-2 unnamed-1

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *