Над 20.000 првачиња ќе седнат во училишните клупи во новата 2017/2018 година, која наместо традиционално на 1 септември, со одлука на Министерството за образование и наука ќе почне на 4 септември.
Според податоците на Министерството за образование и наука бројката на запишани првачиња според досегашните податоци со кои располага МОН изнесува 20.437.
Во средните училишта запишани се вкупно 17.131 ученик.
Од Министерството за образование и наука наведуваат дека конечниот број на основци и средношколци ќе го имаат кон средината на септември по комплетирањето на податоците во координација со општините.