Во Русија во последните 24 часа починаа 76 луѓе, а 10.581 се заразени. Со тоа бројот на регистрирани случаи на коронавирус во Русија се зголеми на 145.268 лица, а починаа 1.356.
Ова е втор ден по ред дневниот број на нови случаи во земјата да надминува 10.000. Исто така, постои постојан пораст на бројот на новозаболени во Русија од минатиот месец, пренесе Макфакс.
На почетокот на април бројот на нови инфекции варирал помеѓу 400 и 1.000, во средината на април помеѓу 3.000 и 5.000, а на крајот на истиот месец помеѓу 5.000 и 7.000 на ден. Во првите неколку дена од мај се регистрирани помеѓу 7.900 и 10.600 нови случаи на зараза.