На повеќе од триесетина карактеристични традиционални производи и автохтони растителни видови во југоисточниот регион им се заканува исчезнување. Ова го покажале анализите на Здружението „Слоуфуд“ кое работејќи со партнери од Дојран, Валандово, Богданци и Гевгелија ги детектирале проблемите и опасностите кои висат над овои производи.
Колешинските кикиритки, гравот собра, грозјето црвен валандовски тринок, белото зимско грозје, четири стари сорти калинки, дуњите, како и преработените растителни прозиводи, пите, пекмез, струмичката мастика и анасонката се наоѓаат на интернационалниот онлајн каталог за традиционални и автохтони производи. Потребна е нивна заштита со некоја од меѓународно признатите ознаки за потекло, заштитена географска ознака или гарантиран традиционален специјалитет.
Неделковска вели дека пред се, потребна е соработка на производителите и нивно здружување за д адојдат до ознаките за квалитет.
Во Македонија само еден прозивод, охридската цреша има ознака за заштитено географско потекло. Неделковска објаснува дека постојат само иницијативи за заштита на мариовскиот мед, беровскиот и кривопалаченчкиот компир, белото саламурено сирење и кашкавалот од Бистра. Трошоците за регистрација на произвподот изнесуваат околу 5 илјади евра. Од нив, 80 проценти ги покрива министерството за земјоделство. Со новите измени, намален е и рокот за издавање ознака од една година на еден месец.