Учениците од од IV- А одд, од ООУ „Видео Подгорец“ – Струмица заедно со своите родители како карневалска група ,,АСТРА“ за првпат ќе дебитираат на Струмичкиот карневал. Тие ќе се престават со маската ,, Шеќерното царство на Струмица“ која ќе брои 32 члена и според најавите од Гордана Тилева одделенска наставник и иницијатор за ова маска, истата ќе биде забележана и запаметена
,,Конечно дојде и тој толку очекуван ден, кога ќе се оствари една моја одамна посакувана желба. Имено, уште како дете израсната во Штип, речиси и да немаше година, моите родители да не ме носеа да го следам Струмичкиот карневал. Уште отогаш почнав да сонувам и јас еден ден да бидам учесник на една ваква традиционална манифестација од овој вид во Македонија.Со голема чест и огромно задоволство денес можам да споделам дека годинава како одделенски наставник на учениците од IV- А одд, од ООУ „Видео Подгорец“ – Струмица, заедно со моите ученици како група „АСТРА“ ќе бидеме дел од Струмичкиот карневалски спектакл и ќе се натпреваруваме во категорија Ж – (дебитанти) под реден број 20.,, вели Гордана Тилева