Три ЕКГ апарати (еден од модел Cardioline 200S и два од модел Cardioline 100S), пет мулти-параметарски ЕКГ монитори (модел Bistos BT-750) и соодветни додатоци – специјална хартија за обезбедените ЕКГ апарати пристигнаа во ЈЗУ Општа Болница Струмица во форма на донација, на иницијатива на семејството Костадинови.
Целта е да се овозможи подобра здравствена заштита на пациентите со срцеви проблеми и полесно функционирање на единицата за ангиографија. Медицинската опрема ќе дејствува во насока на навремена дијагностика и превенирање на потенцијални коронарни, кардио-васкуларни и срцеви заболувања.
Од ЈЗУ Општа Болница Струмица информираа дека медицинската опрема ќе биде веднаш ставена во употреба.