Хаос на граничниот премин „Богородица“ за излез од Македонија во Грција. Граѓани чекаат над 3 часа, а колоната возила станува сѐ поголема и поголема.
Според информациите на Вечер.мк покрај тоа што споро оди целата работа, дополнителен проблем се и несовесни граѓани кои со своите возила излегуваат од колоната и потоа се обидуваат да стигнат понапред возејќи по работ.
Иако од АМСМ утрово соопштија дека се чека околу 40 минути, сепак реалноста на терен е поинаква. Граѓани од 7 утрово чекаат и до 10 сѐ уште се далеку од излез.
Извор: Вечер