• Wed. Nov 27th, 2024

На „Богородица“ и „Табановце“ се чека околу еден час

ByЃ. K.

Jul 13, 2023

На граничните премини „Богородица“ и „Табановце“ се чека околу еден час, информираат утрово од АМСМ. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, а интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

By Ѓ. K.