• Fri. Nov 22nd, 2024

На 905 лица издадени им се решенија за изолација

Во текот на изминатото деноноќие на 905 лица издадени им се решенија за изолација, а 120 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација и не се евидентирани лица што не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација, пренесува Макфакс.

Исто така, во однос на мерката за неносење лична заштита на лицето регистрирани се 1.143 прекршоци.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *