• Fri. Nov 22nd, 2024

На 4.471 вработени во МВР денеска ќе им биде исплатена бонус плата

На 4.471 вработени во МВР денеска ќе им биде исплатена бонус плата

Министерот Оливер Спасовски објави дека денеска на 4.471 вработени во Министерството за внатрешни работи, кои оствариле над 150 часови прекувремена работа во текот на 2020 година, ќе им биде исплатена бонус платата во поединечен нето износ од 27.182 денари.

-За оваа намена од буџетот на МВР издвоивме 121.530.722 денари, односно 135.033.142 денариво вкупен бруто износ со вклучен данок, средства плански обезбедени и најавени уште во декември 2020.
Ова е резултат на заложбите на ова раководство на МВР за подигање на социјалниот статус на полициските службеници, покрај севкупното подобрување на професионалните услови за работа, поаѓајќи од фактот дека само задоволна полиција претставува ефикасен сервис на граѓаните,работи со полн капацитет и легитимитет и испорачува резултати во активностите за справување со криминалот, изјави Спасовски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *