На 16 октомври (понеделник) со почеток од 20:00 часот во НУЦК „Антон Панов“ | Сцена 112 ќе биде изведена претставата „Дали е во ред?“
Сценариото е според Лу Син.Кинески, а изведбата е на Јовче Пандев.
Станува збор за пиеса за ѕверската страна на човековата природа, робувањето на стереотипите и суетното самопрогласување. Неверојатно прецизен текст, кој дава чувство на постојана присутност преку целото читање/гледање.
Монодрамата премиерно беше прикажана во Босилово во склоп на „Културно лето Босилово 2023“.