• Sun. Nov 24th, 2024

МОНОСПИТОВСКОТО БЛАТО СО ЕВРОПСКИ ПАРИ ДОБИ БЕЗБЕДНА ИНФРАСТРУКТУРА ЗА ПОСЕТА И ИСТРАЖУВАЊЕ

ByВане Трајков

Jun 17, 2019

Пристапот во моноспитовското блато, единственото мочуриште во земјава сега е олеснет и безбеден. Реновирани се сите патеки, набљудувачници и колиби за посетителите кои сакаат да го посетат мочуриштето, но и да вршат истражување на биодиверзитетот во блатото каде има ретки видови растенија и животни и инсекти. 

Освен реновирање на патеките и наблудувачниците во монопистовското мочуриште изработени се и неколку чунови шајки за пловење по ова блато, а се опреми и едукативнито центар во Моноспитово каде има изложено повеќе експонати од мочуриштетото. Сето тоа се направи преку проектот за локална и регионална конкурентност.

Моноспитовското мочуриште да биде прогласно како заштитено национално подрачје бараат општиските власти бидејќи мора да се најде начин за самоодржување на овој природен резерват, вели градоначалникот на Босилово, Зоран Зимбаков.

Моноспитовското блато е најголемата површина под вода трска и влажни ливади богати со жив свет. Неговата биолошко разновидност е многу малку проучена, заради што биолозите барааат негова заштита и ставање под капа на државата како заштитено подрачје.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *