Интернетот е навистина неверојатно место. Целото човечко знаење се наоѓа таму, додека истовремено ни нуди и милион можности за забава. Интернетот исто така има и неверојатен начин да ги зближи луѓето како ништо друго досега, особено кога станува збор за Фотошоп. Токму ова го открила и Ериа, што сакала да се пошегува со своето момче Скот, така што побарала од Интернетот со помош на Фотошоп да му покажат што тој пропуштил додека спиел на патувањето.
„Патувавме до еден настан. Бевме петмина во автомобилот, но без разлика на нашите енергетски разговори, гласни насмевки и дупките во патот – тој едноставно не се будеше. Ја направив оваа фотографија бидејќи ни беше смешно што успеа да го преспие сето тоа“, вели Ериа.
Иако таа очекувала одговори од повеќе луѓе, сепак не мислела дека нејзиното барање ќе биде толку голема инспирација за Интернетот. Таа добила илјадници фотографии обработени во Фотошоп на кои се гледа дека едноставно не постои крај на човечката креативност. Погледнете…
извор:www.kafepauza.com.mk