• Fri. Nov 22nd, 2024

Можно е отворање на градинките за една недела

Засега немаме стрикна препорака за скратување на полицискиот час, но можно е да се дискутира и за тоа на Владината седница, рече министерот за здравство, Венко Филипче.

 

На прашањето кога би почнале градинките со работа, министерот рече дека веќе од утре почнува тестирањето на околу 2.000 вработени во градинките, по што ќе се донесе одлука.

-Верувам дека за период од една недела целосно ќе се заврши тој процес, во меѓувреме да се усогласат и критериумите на Комисијата за заразни болести и Министерството за труд и социјална работа, по што градинките би се вратиле во функција, рече Филипче.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *