Федерика Могерини денеска од Луксембург ја честиташе годишнината на Преспанскиот договор и ги повика земјите членки да донесат позитивна одлука за преговори со Северна Македонија и Албанија. „Денеска е една година од потпишувањето на Преспанскиот договор помеѓу Северна Македонија и Грција и мислам дека треба да се потсетиме на моќта на храброста и лидерството, и важните чекори кои се преземаа на Балканот. Се надевам дека земјите членки ќе се сетат и ќе оддадат признание за овие чекори, посебно во наредните денови кога важна одлука треба да се донесе за отворањето на преговорите со Албанија и Северна Македонија, одлука што треба да се донесе во најкус можен рок, изјави шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини, пред почетокот на Советот за надворешни работи на ЕУ во Луксембург со кој таа претседава. И еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, ги повика земјите членки на ЕУ да ги отворат преговорите за членство со Северна Македонија што е можно побргу. Северна Македонија направи се и тоа не е само сигнал за Северна Македонија, туку за целиот регион“, порача Хан