Младите одбојкарки на Наковски волеј се вратија со награди од најстариот одбојкарски камп во Србија, Дејан Брџовиќ.
Ивана Ценева е избрана за најдобра пионерка, а Марија Донева ја освои наградата за најдобра кадетка на овогодинешниот летен камп.
Kвалитетот на одбојкарки беше препознаен од тренерите во кампингот во Гоч, Србија како и посветеноста и работењето на тренерите во нашиот камп, велат од „Наковски Волеј“.
На кампот присуствуваше и младиот одбојкар Атанасиј Делевски од ОК Струмица Никоб кој се стекна со награда – најперспективен играч на кампот.
ОК Наковски волеј истакнаа дека ова е незаборавно летно доживување за сите деца, надежни одбојкари.