Во периодот од 23 март до 22 мај 2024 како продолжување на кампањата „Твоето незнаење чини живот“, Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Струмица спроведе работилници по прва помош во 3 основни училишта.
Во основните училишта „Сандо Масев“, „Видое Подгорец“ и „Никола Вапцаров“ се одржаа 23 работилници на вкупно 440 ученици и 25 наставници. Работилниците се одржаа на ученици од трето до седмо одделение.
Младите покажаа посебен интерес кај практичкиот дел каде ги работеа техниките на срцевобелодробно оживување, преврски на рани и имобилизации.