Социјална и здравствена заштита, здравствено осигурување, постапки за вработување, имотно-правни прашања-се најчестите проблеми со кои се соочуваат семејствата со ниски приходи. Оваа е констатација на Македонското здружение на млади правници, кои денеска во Струмица организираа отворен ден за правна поддршка на поедници и семејства со ниски приходи. Проектот има за цел да обезбеди директна правна помош на населението од Југоисточен и Вардарски регион, а помошта ќе се реализира со теренски посети на семејствата со ниски примања.
Проектот „Мобилни тимови за правна поддршка на поединци и семејства со ниски приходи“ е поддржан од ЕУ, а спроведуван од Македонско здружение на млади правници во партнерство со Правниот информативен центар Љубљана, Словенија. Истиот има за цел зајакнување на пристапот до правда на најранливи категории граѓани со што ќе придонесе кон правно зајакнување, подобрување на законодавството и имплементација на постоечките механизми кои се однесуваат на пристапот до правда.