• Sat. Nov 23rd, 2024

Млади гитаристи од „Боро Џони“ на меѓународен натпревар во Ниш,Србија

Од 18-20 мај ќе се одржи 13ти по ред меѓународен натпревар по гитара во Ниш, Србија каде секоја година се пријавуваат огромен број на ученици и студенти од Балканот. Натпреварот трае 3 дена и е поделен во повеќе категории во зависност од возраста на натпреварувачите.

И оваа година дел од стручното жири ќе биде м-р Васко Пиличев кој со своите ученици ќе се обидат да ги освојат највисоките награди. Годинава музичкото училиште Боро Џони ќе го претставуваат солисти но и камерни состави. Како солисти ќе се претстават: Велјан Дојчинов, Кирил Ичков, Иван Пакетов и Кире Понов, гитарското трио е составено од Христијан Мираковски, Александра Цветанова и Англеа Мицевска, а квартетот го сочинуваат: Митко Витанов, Дора Акан, Милка Василева и Томи Василев.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *