Младенци се празнуваат на 22 март, а се посветени на споменот на страдањата на светите четириесет Севастиски маченици, кои настрадале во 320 година поради Христовата вера.
Сите овие маченици биле млади луѓе, па народот го земал тој ден како празник на кој младите сопружници (младенци) примаат гости во својот дом, а тие им носат подароци и на тој начин им помагаат на почетокот на бракот и животот во брачна заедница.
На тој ден младите домаќинки ги пречекуваат гостите во својата куќа и ги покажуваат своите вештини и умешност како домаќинки. Овде треба да се забележи дека младенците секогаш паѓаат за време на пости, бидејќи светиот пост обично започнува на почетокот или средината на март и затоа секоја гозба што се подготвува на овој ден мора да е посна, заради здравјето и напредокот на децата на младите сопружници.
Празникот на младите брачни парови секогаш се одбележува за време на Велигденските пости. Меѓутоа, кога дочекот на Нова Година се паѓа во Страсната (страдална) недела, правило е да се премести за викендот претходно.
Обичаj за Младенци
Најпознат, најдобро зачуван и најпочитуван обичај кај младенците е жените да стануваат рано и да месат колачиња од пченично брашно.
Популарно се познати како младенчиња и симболизираат долг, среќен и сладок брачен живот.
Симболично, младенчињата се премачкуваат со мед и се нудат на сите гости кои тој ден ќе дојдат во куќата на младенците.
МИА