• Sat. Nov 23rd, 2024

Мицкоски: Со 200 милиони евра за капитални инвестиции, Заев ќе ги потплаќа гласачите

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на денешната прес-конференција рече дека најголемата опозициска партија има сознание дека премиерот на Македонија, Зоран Заев, како неформален министер за финансии не ги троши сите пари за капитални инвестиции, со цел оние кои ќе останат директно да ги префрла како трансфери до гласачите.

„Доколку до крајот на годината дефицитот се реализирал онака како што бил планиран тогаш капиталните инвестиции нема да надминат стапка на реализација поголема од 50тина проценти, односно да сумирам, ќе недостасуваат некаде околу 200 милиони евра коишто биле потребни и коишто биле планирани за капитални инвестиции. Вистинското прашање е каде ќе отидат тие пари? Тие пари ќе отидат преку трансфери во обидот на Зоран Заев да ги затскрие ненародните криминални политики кои ги води неговата Влада и да месеци пред избори се обиде да игра на картата на кратко помнење кај граѓаните и истите тие да ги корумпира преку таков тип на трансфери“, рече Мицкоски.

извор:makfax

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *