Вака накусо може да се објасни исходот од денешната лидерска средба кај претседателот Пендаровски. Лидерите на најголемите политички партии не успејаа да се договорат за датумот за парламентарните избори.
Според лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој вели дека консултирале домашни и странски експерти за случајот со пандемијата и дека препораките се изборите да се одржат кон крајот на август или септември. Како можни датуми се спомнати 23 и 30 август и 30 септември.
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, пак, смета дека со ово одолговлекување ВМРО ДПМНЕ сака да се зодаде нова политичка криза во државата. Тој е се уште на ставот дека изборите треба да се одржат во јуни.
Светската здравствена организација предупредува за втор поопасен бран на корона – вирусот од септември. Тие предлагаат земјите сериозно да ги подготват здравствените капацитети и да очекуваат дека е можно полошо сценарио од досегашното, за да се избегне колапс каков што с еслучи во Италија.