Не ја гледам потребата да присуствувам на лидерска средба на која ќе се разговара за сè, освен за датум за предвремени парламентарни избори, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Додаде дека работните групи од власта и опозицијата работат на нов закон за обвинителство и минатата недела разговарале за пописот, како и за измени на Изборниот законик.
„Театар за дефокусирање од вистинките теми не ни е потребен“, изјави Мицкоски за повикот на премиерот Зоран Заев за лидерска средба в петок.
извор:makfax