• Fri. Nov 22nd, 2024

Мицкоски во Брисел: Лошата власт во државата да не биде непромослива пречка на патот кон ЕУ

Не постои друга вистинска алтернатива за Македонија освен членство на државата во ЕУ, а лошата власт во државата не треба да биде непромослива пречка на патот кон ЕУ, изјави денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој во рамките на политичкото собрание на Европската народна партија оствари средба со Дејвид Мекалистер – претседавач на Комитетот за надворешни работи на Европскиот pарламент, но и со Пауло Рангел – потпретседател на Европската народна партија и европратеник од Португалија, како и неформална средба со Андреaс Шидер – европратеник од австриската социјалистичка партија и претседавач на мешовитиот парламентарен комитет на Европската Унија со Македонија.

Мицкоски на средбите истакна дека државата не смее да биде повеќе заложник на злоупотребите коишто ги прави актуелната влада на европските перспективи и името на Европската Унија во насока на оправдување на сите погрешни одлуки.

„Македонија и македонските граѓани заслужуваат да бидат достоинствен член на ЕУ. Свесни сме дека криминалот и корупцијата и отсуството на суштински реформи од страна на оваа власт создаваат лош впечаток за земјата кај нашите европски партнери, но токму капацитетот на Македонија и потенцијалот што го имаме како народ се гарант дека можеме преку внатрешни промени во услови на отпочнување на преговорите да ги достигнеме европските вредности и стандарди“, изјави Мицкоски.

Тој додаде дека актуелната власт не е вистинската слика за Македонија и неуспесите ќе се надминат многу скоро, а нацијата ќе ги забрза европските реформи.

„Потребна ни е шанса преку отпочнувањето на преговорите тоа да го покажеме“, истакна на средбите Мицкоски.

извор: makfax

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *