Министерството за транспорт и врски апелира граѓаните да не купуваат авионски билети, бидејќи границите се сеуште затворени, иако некои авиокомпании најавија продажба на авиобилетите од 18. мај.Ресорното министерство наведува дека се чека препораката од Комисијата за заразни болести. Тие треба да кажат кога може да се случи отворање на границите и кога може да почнат со работа двата аеродроми во земјава
Според информациите од Министерството за транспорт, Комисијата за заразни болести треба да даде препорака кога би можеле да бидат отворени границите, а со тоа и двата аеродроми во Скопје и Охрид.
Инаку, уште од вчера е укината вонредната состојба во Србија, иако дел од мерките се уште важат, а исто така и бугарските власти се уште не деонеле одлука за отворање на границите.