Министерството за образование и наука денеска соопшти дека со усвојувањето на измените на Законот за основното образование, на Законот за средното образование и на Законот за наставници во основните и средните училишта од страна на Собранието вчера- 1 јуни, се укина екстерното тестирање.
Измените се објавени и во „Службен весник на Република Македонија” бр. 67 и стапија во сила со денот на нивното објавување.
Со овие законски измени е укинато екстерното тестирање и нема да се спроведува. Сите отпочнати постапки во врска со екстерното проверување на знаењето на учениците запираат, соопштуваат од МОН.