Министерството за култура ќе финансира три драмски проекти на струмичкиот театар годинава со вкупна вредност од милион и 900 илјади денари. Според објавените резултатите на министерството за култура а по распишаните конкурси за проекти од национален интерес, на струмичкиот театар прифатени се делата ,,Вујко Вања“ од Чејов а во режија на Дејан Ангелов за што министерството доделува 600 илјади денари додека за преставите ,,Поблиску“ од Патрик Марбер а во режија од Зоја Бузалковска но и за преставата ,,Куќа на граница“ од Славомир Мрожек а во режија на Андреј Цветановски ќе додели по 650 илјади денари.
Министерството за култура минатата година исто така финансираше 3 проекти но за нив лани додели 2 милиони и 400 илјади денари додека годианва половина милион денари помалку.