Министерот за земјоделство, од редовите на Беса, Аријанит Хоџа, објави дека се повлекува од функцијата. На прес конференцијата што се одржа пред Владата Хоџа кажа дека оставката е поради нарушување на демократските вредности во државата, додавајќи дека од функција се повлекуваат и двајцата заменици министри.
-Како што ветив минатата недела дека поради нарушување на демократијата на локалните избори од страна на дел од оваа влада, на чело со вицепремиерот од ДУИ, кадешто беше повредено правото на демократијата, со манипулативни методи и за жал, тоа продолжи и во текот на вчерашниот ден, кој беше најсрамниот ден за демократијата на нашата држава, рече Хоџа.