• Sat. Nov 23rd, 2024

Министерот Спасовски го посети повредениот полицаец од вчерашниот обид за насилен влез на мигрантите

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во Ургентниот центар во Скопје го посети  полицаецот А.А. , кој беше повреден во вчерашните настани на јужната граница и честитајќи му на храброста му посака брзо закрепнување. Вчера беа повредени уште 13 полицајци и 9 припадници на АРМ, кои по укажаната лекарска помош се пуштени на домашно лекување. Полицајците и припадниците на АРМ беа повредени откако околу 3000 мигранти се обидоа на сила да влезат на македонска територија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *