Денес на официјална посета во Дојран беше Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски на увид на градежните активности во населените места Фурка, Црничани и Николиќ.
Продолжува огромната поддршка од Министерството за транспорт и врски за реализација на големи инфраструктурни проекти во Општина Дојран.
Изградба на четири локални улици во износ од 35 милиони денари;
30 милиони денари за санација на регионалниот пат во населеното место Стар Дојран преку Програмата на ЈПДП за 2024 година;
30 милиони денари за изградба на катна гаража;
Градоначалникот Ангов изрази благодарност за огромната поддршка и надеж дека заедно ќе продолжат да ја возобновуваат и градат општината.