• Fri. Nov 1st, 2024

МЗШВ: Од утре се укинува забраната за движење во шума и шумско земјиште

Mинистерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, на барање на ЈП „Национални шуми“ ја отповика забраната за движење во шума и шумско земјиште со кој стопанисува ЈП „Национални шуми“, донесена на ден 16.04.2020 година.

По промената на временските услови и пролетното развивање на вегетацијата, се намали опасноста од појава на пожари на отворено и поради новосоздадените услови Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на барање на ЈП „Национални шуми“ , ја укинува забраната за движење во шума и шумско земјиште. Решението за укинување на забраната за движење во шума и шумско земјиште стапува на сила од утре 24.04.2020 (петок) година.

ЈП „Национални шуми“ ќе продолжат и понатаму да ја следат состојбата со нашите шуми и движењето на граѓаните (рекреативците и сите оние кои извршуваат шумско културни активности). Доколку се процени дека повторно се создале услови за ризик од шумски пожари, забраната повторно ќе се воведе.

Ги потсетуваме сите граѓани на Република Северна Македонија дека согласно член 46 од Законот за земјоделско земјиште и член 23 од Законот за ловство, забрането е палење на стрништа, плевел и други растителни отпадоци во ловиштата и друг земјоделски отпад на земјоделско земјиште, како превентивна мерка за заштита од појава на пожари на отворен простор.

Ги повикуваме сите граѓани одговорно да се однесуваат додека се движат низ шума, да се грижат за природата, да не фрлаат догорчиња и запалливи материи со што ќе придонесат за зачувување на животната средина.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *