Владата на Република Северна Македонија на последната седница донесе одлука за давање согласност за склучување на договор за продажба на земјоделско земјиште во државна сопственост врз кое има изградено оранжерии и помошни објекти во функција на оранжеријата односно објекти во стопанскиот двор.
На последниот јавен повик 8 компании ги исполнија условите и со нив ќе се потпишат договори. Со овој јавен повик сопствениците на оранжерии ќе можат да си го купат земјиштето на кое се наоѓа оранжеријата, а кое што во моментов е во државна сопственост. На тој начин ќе се стекнат со имотни листови и ќе можат да влезат во инвестиции во делот на прошрување на објектите, водено ќе можат да подигнат кредити за реновирање и модернизација на објектите.
Она што е најважно за овој тип на производство е што со стекнување на имотен лист ќе им се овозможи и на овие агробизнисмени да конкурираат за мерките од европската ИПАРД прогама, кои овозможуваат покривање на дел од трошоците за инвестиции во изградба и реконструкција на објетктите. Крајнтиот ефект ќе биде врз целокупното земјоделство, односно самите инвестиции ќе придонесат кон зголемување на обемот и квалитетот на производството.