• Sat. Nov 23rd, 2024

Мерната станица во Струмица се тестирала затоа покажувала високи концентрации на загаден воздух

Четири дена Струмица е најзагаден град во Македонија покажува мониторинг системот за квалитет на воздухот на Министерството за животна средина. Според графиконот концентрацијата на ПМ 10 честичките во Струмица достигнуваат пикови 15 пати повеќе од дозволеното. Синоќа биле измерени 770 микрoграми на кубен метар. Сето ова предизвика лавина реакции по социјалните мрежи а од здружението ,,Здрава котлина” побараа интервентни мерки за ублажување на состојбите

Од министерството за животна средина тврдат дека мерната станица во Струмица официјално не е ставена во функција и резултатите не се веродостојни. Станицата се тестирала и податоците не треба да се земат во предвид, односно инструментите сеуште не биле калибрирани според предвидената методологија

,,Мониторинг станицата за квалитет на воздухот во Струмица е поставена на ден 04.01.2018 година. Истата е дел од Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на воздухот со кој управува Министерството за животна средина и просторно планирање. Мониторинг станицата е се уште во тест период на работа и податоците не треба да се земаат во предвид” информираа од Министерството за екологија

Советот на општината на седница пред нова година донесе одлука за инсталирање на мерна станица за аерозагадувањето. Истата е поставена во кругот на ,,детската болница,,

Граѓаните што ги анкетираше Канал ВИС тврдат дека нечуствуваат дека воздухот е загаден.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *